ГО САКАМ БАХ

Александра Ническа, талентирана млада пијанистка

Има девет години. Учи во четврто одделение во ОУ “Кочо Рацин”. Скромно, тивко девојче, помалку срамежливо, но вистински виртуоз на пијано. Иако свири само три години, сепак покажува дека е талентирана за музика. Тоа е Александра Ническа. Доказ дека е посветена на музиката се многубројните освоени награди на натпревари преку музичкото училиште. Музиката кај Александра е во гените. Свирел чичко и, претходно дедо и. Пијаното го одбрала, оти смета дека дава убав и милозвучен тон. Многу убав звук дава пијаното. Затоа сакав да свирам на овој инструмент. Благопријатно се чувствувам кога ги допирам клавишите. Најмногу сакам да го свирам Бах – вели младата, надежна пијанистка. Таа досега има освоено една прва и трета награда. Пред неа се два меѓународни натпревари во октомври и во ноември. “Тренира” пак да биде успешна.

Loading