БИБЛИОТЕКА ВО УЧЕНИКОТ

Пространа училница, богата со 2500 наслови на книги – лектири, енциклопедии, прирачници за професори, лексикони, методика, сликовници… Или околу 7000 примероци кои се “плеткаат” на рафтовите од библиотеката во ОУ “Кочо Рацин”. Во своето 84 годишно постоење единствено што забележале библиотекарите било недостигот на пари за континуирано обновување на книжниот фонд и оскудната македонска детска литература. Доминира само онаа во стилот на “Хари Потер…”. Библиотеката е затворена лете. Се прави попис, се средуваат и чистат книгите. Библиотекарката Елена Апостоловска, вели дека убаво е чувството со книгите. Помераклии за книги се децата до четврто одделение. За тинејџерите се илустрирани енциклопедии и книги кои обработуваат проблеми. Првоодделенците се запознаваат со библиотеката на специјален час. Од тогаш таа им е блиска, дом за сите. Да нема ѕиркање, на посебни катедри, може да ужива мегу кориците, во страниците на книгите во просторијата – информира Елена. Апостоловска е со идеја преку акција, деца да донираат по некоја стара книга, да го “принатрупа” и онака богатството на “најантичкото” училиште – првата гимназија во градов.

Мотив повеќе за децата да се дружат со книгата. Убаво е чувството кога како на едно изложбен рафт, некое дете ќе ја пронајде книга потпишана со своерачен потпис. Потсет на школските збрки. Ќе има и библиотека – медијатека. Тоа е компјутеризирана настава, преку практична примена на интернет и современи технички помагала. Планираме и посета на Градската библиотека, која, дел училишта веќе ја применуваат – амбициозно стартува библиотекарката Апостоловска, која шест месеци негува дружба, на овој начин со книгата и комуницира со “табиетите” на децата.

Loading