СВЕЌА ПРЕД ЅВОНЧЕ

Учебната година почна. Последниот ден од летниот распуст дел учениците го посветија на верата. Во црковните храмови се палеа свеќи за успешна учебна година. Молба за цврст од по училишниот друм. Летната слобода на душата, размена на мисли, смеа и случки од летниот одмор уште еднаш ги опушти во црковните дворови. Модерниот звук на ѕвоното пак ги тресе ,,тремаџиите,, и ги собра во клупите идните генерации. Почетокот на новата учебна година во духот на времето. Динамично, секогаш со нови перипетија, заплети, расплети, кулминации на школски доживувања преку другарувања. Среќни забавачиња, односно првачиња од новиот предизвик. Првпат се соочуват со учителката, со другарчињата, моливчињата. Постепено ќе ги искачуваат скалилата со учење. Преку игра, цртеж, песна со своите врсници во колоритни училници, скала по скала ќе итаат по знаења преку разговорно – писмена, музичко – уметничка и практична разгледница. Потсетник со бројчано – азбучен тон. Средношколците и основците, на наученото, ќе додадат нов “зачин”, за комплетен училишен мозаик од правила, снаоѓање, насочувања во животот и практична примена на запамтеното. Само така, ќе станат зрели индивидуи за сопствена креација на животните амбиции. А првата недела се знае, еднодневна екскурзија, избор на дежурни, распоред и повторувањето, кое е мајка на знаењето.

Loading