НАСТАВА ВО СОВРЕМЕН ОБЈЕКТ

Нов лик на ОУ ,,Гоце Делчев,,

Учениците од ОУ ,,Гоце Делчев,, новата учебна година ја започнаа во реконструирано училиште. Со донација вредна над 300 илјади евра променети се 2000 квадратни метри под, заменета е старата дрвена столарија со нови прозорци и врати, набавен е нов инвентар, бојадисан е ентериерот, реновиран е складишниот простор, заменети се олуците интервенирано е по ходниците и скалите, дури и дневниот престој. Наставата ќе се одвива во современ објект, во кој учениците ќе стекнуваат нови знаења. Убавото задоволство на учениците, но и наставниците со реконструкцијата на училиштето, им го овозможија кинеските власти кои донираа за реконструкција на објектот. На свеченоста беа присутни претставници од кинеската амбасада, вицепремиерот Васко Наумовски, од Министерството за образование,

Локалната самоуправа. Кинеската Влада го поддржува образованието во Македонија. Не радува што учениците ќе имаат подобри услови за настава.

Проектот е резултат на добрата соработка меѓу двете држави – рече Денг Чунфенг, амбасадор на Кина во Р. Македонија. Градоначалникот Марјан Ристески најавува дека кинеските власти сакаат да градат ново училиште.Создадовме современи услови за наставен процес во училиштето, преку кој ќе се градат моралните и етичките капацитети на учениците – рече Ристески. Директорот на училиштето Трајче Каралиоски не го криеше задоволството. Училиштето е прилагодено на современите услови за настава, наставниот кадар е едуциран. Тоа ќе овозможи продуцирање на млади образовни кадри – рече Каралиоски. Во чест на стартот на учебната година за над 900 ученици и за гостите, учениците приредија пригодна програма.

Loading