ФОНТАНА ВО ОУ ,,БЛАЖЕ КОНЕСКИ,,

Комплетно е уреден дворот на ОУ “Блаже Конески”. Од долгите часови, учениците можат да најдат одмор крај фонтаната, чија креација е на ликовниот педагог Ицко Ефтимоски. Уреден е просторот и со цвеќиња и трева, поставени се клупи, бекатон плочки на патеките, а издупчен е и бунар за техничка вода. Останува уште да изградиме и катче за одмор на учениците. Планираме овој простор да го користат и жителите на населбата Точила – вели Марија Дулевска, директор на ОУ ,, Блаже Конески. Средствата за уредување на паркот ги обезбеди Локалната самоуправа.

Loading