СПОРТСКИ КОМПЛЕКС В КАСАРНА

Ќе се реконструира и возобнови спортскиот комплекс во рамките на касарната кој ќе може да го користи и армијата, граѓаните, спортистите и ентузијастите кои сакаат да спортуваат. Ова е еден од планираните проекти на ЛС за следната година. Во непосредна близина на гарнизонот ќе се изградат колективни станбени комплекси кои ќе овозможат покрив над главата и за лицата вработени во армијата.

– Планираме да профункционира и дисперзирана противпожарна единица, како истурена единица во кругот на касарната. Во иднина сакаме да има механичарска работилница, која покрај за потребите на касарната би служела и за комерцијални потреби на градот – најавува градоначалникот Марјан Ристески.

Заживувањето на касарната “Мирче Ацев” е успешен проект на Владата, АРМ, Генералштабот и локалната самоуправа со кој се врати војската во градот. Освен што значи поголема безбедност, придонесува и за подобрување на економијата во градот. Професионалните војници и офицери кои беа далеку од своите домови, веќе една година своите работни задачи ги извршуваат во Прилеп. 

Loading