ОТВОРЕНИ ВРАТИ НА “СТАКЛЕНАТА ЗГРАДА”

Сé повеќе граѓаните сакаат да видат како работи Општинава и “таткото на градот”. Затоа се отвораат неколкупати вратите на општинската зграда  низ  “Отворениот ден за граѓаните – посета и запознавање со работата на Локалната самоуправа и градоначалникот”.

Со телефонски повик, голем број студенти, средношколци, пензионери и други заинтересирани граѓани, “добија виза” да ја разгледаат градската куќа. Поблиску се запознаа со јавните службеници. Ги посетија секторите и се информираа за надлежностите, а и околу масата во градоначалничкиот кабинет седнаа многу љубопитни.

Администрацијата им излезе во пресрет за гостите да се чувствуваат како дома, детално образложувајќи ги сегашните и идните проекти.

Loading