МЕСТА УШТЕ ЗА СТО ДЕЦА ВО ГРАДИНКАТА БОНЧЕЈЦА

Подобрени се условите и зголемени се сместувачките капацитети за сто деца во градинката Бончејца со реконструкцијата на објектот. Локалните власти и швајцарската агенција за развој и соработка вложија 7,2 милиони денари во поткревање на нивото на квалитет за престој на децата од предучилишна возраст.

Локалната самоуправа подготвува проект за изградба на нова градинка за да им се излезе во пресрет на родителите и да се ублажи притисокот за згрижување на деца во предучилишните установи, бидејќи постојните четири објекти се тесни и не ги задоволуваат потребите на граѓаните.

Градоначалникот Марјан Ристески најави зафати за сместување уште на 400 деца.

– Реконструкција и доградба на другите градинки, вклучувајќи ја и на градинката во Тутунскиот Комбинат. За три години ќе има доволно места да бидат прифатени сите деца – рече Ристески.

Во градинките се згрижени 800 деца од предшколска возраст.           

Loading