ПАК ФРЛЕНИ КАПИ НА ЕКОНОМСКИ

Во Економскиот факултет се одржа свечено доделување на дипломи на 225 дипломирани економисти и 38  магистри. Деканот Ѓорѓи Манчески им честиташе на колегите, изразувајќи гордост на  нивното знаење, стекнато од еминентни професори. Проректорот на универзитетот “Свети Климент Охридски”, Сашо Атанасоски, на доскорашните студенти им го пренесе цитатот од инаугурацијата на 35-от претседател на САД, Џон Кенеди, “Не прашувај што може да направи државата за тебе, туку што можеш ти да направиш за државата”.

На свечениот чин беа прогласени двајца студенти со највисок просек и им беа доделени пригодни награди.

Loading