ПРИЛЕП НА САЕМ ВО ВЕРОНА

Дел од саемот на збратимени градови, храна и традиција во италијанскиот град Верона е и Прилеп со политичката и бизнис делегација. Градоначалникот Марјан Ристески, претседателот на Совет Никола Димески и стопанственици, покрај презентациите на градскиот плоштад на дел од производствените програми на Витаминка, Прилепската Пиварница, Дониа, Млекарницат Мики и Марфил и претставувањето на културното наследство на Прилеп, оствариле средба со директорот на АГСМ Холдин компанија за инвестиции во областа на енергијата од обновливи извори. Прилепските функционери биле гости и на претседателот на комуналното претпријатије АМИА, чија специјалност е обработката на отпад. 

Loading