ПО БОЖИК, МРТОВЦИТЕ В КАПЕЛА

ЈП КОМУНАЛЕЦ

За брзо време треба да се стави во функција капелата која ќе биде една од најопремените и најпространите во државава со 1400 м2 во кругот на Новите градски гробишта. Со капелата, наместо дома, прилепчани за речиси еден месец, почит на починатите ќе им оддаваат во соодветен објект, изграден по сите стандарди. Досега во капелата, ЈП Комуналец и Локалната самоуправа вложија над 18 милиони денари, а таа ќе чини 25 милиони денари. Набавени и инсталирани се морталните фиоки од околу милион денари.

Едновремено ќе се вршат четири погребни церемонии. Предвидени се простории за продажба на цвеќе, погребална опрема и за други потреби. Во тек се набавките за ентериерот. Се доработува и околното плато со бехатон плочки, а предвидено е и хортикултурно уредување. Спред планот, околу капелата ќе се градат посебни приоди за влез и излез.

– Капелата ќе услужува по пресметан час од ладилник и изложувалница. Вработените ќе се грижат да се почитуваат желбите на фамилијата на покојникот. Предвидени се и две засебни простории за ожалостените семејства. Со свештениците е договорено црковните обреди да се вршат во капелата – вели Златко Ристески, директор на Комуналец.

Капелата е нужност за градов, кој сега има 75 илјади жители. Сите сили на Комуналец се насочени наскоро да профункционира  објектот чии темели беа поставени во август 2008 г.

Со измените на деталниот урбанистички план, планирано е да се изгради Капела од помал обем на Старите градски гробишта.

Loading