ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРИДАДЕ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА

На 7 локации се заменува канализационата мрежа

– ИПА фондовите учествуваат со 85 проценти во проектот вреден 30 милиони евра

– Се поставува колекторски систем и 68 километри нова канализациска мрежа

Во пол ек е првата фаза за реконструкција на канализационата мрежа и изградбата на пречистителната станица. Се работи на седум локации и Прилеп изгледа како големо градилиште. Се копа на на улиците “Мице Козар”, “Савска”, “Кеј 19 Септември”, “Кеј 9 Септември”, “Вера Циривири” и “Тризла”.

“Проектот во вредност од 30 милиони евра, кој се финансира со европски средства, е недделлив и не се соочува со никакви проблеми”. Ова го тврдат од ЈП Водовод и канализација (В и К), кој е крајниот корисник. До Нова Година се очекува избор на изведувач на пречистителната станица. Европските пари не се загубени, туку се добиени плус 10 милиони евра за изградба уште на 45 км. канализациона мрежа. Не се направени нерегуларности со тендерската документација, туку има само одлагање на изборот на изведувач за пречистителна станица. Заради успешно реализираните фази од проектот, европската комисија го зголеми учеството во финансиската конструкција, односно средствата со кои учествува.

За текот на активностите, редовно месечно се одржува состанок со претставници од ЕК, министерството за животна средина, министерството за финансии, локалната самоуправа и В и К.

– Се разгледуваа активностите на терен. Во извештајот од ЕК има една евалуација, во која дојде до некои поместувања на роковите. Се врши завршната евалуација за избор на изведувач за пречистителната станица и мислам дека до Нова година ќе имаме договор за тоа. Носител на проектот е Министерството за животна средина, Министерството за финансии и ЕК. На почетокот соодносот беше 35 отсто средства од ИПА фондовите и 65 отсто од буџетот на Македонија. Со наше залагање и со залагање на Министерствата, тој однос се смени и средствата од ИПА фондовите се 85 проценти и само 15 отсто од државниот буџет. За доброто работење на ЈП В и К кажува и извештајот за втората фаза од изградбата на канализационата мрежа, која е во завршна фаза. И изработката на тендерска документација е во втора фаза, што значи дека в лето ќе почне и таа фаза во вредност од 10 милиони евра за дополнителна изградба на 45 км. канализациона мрежа. Наредната сезона ќе почне да се гради и пречистителната станица – објаснува Сашо Николоски, директор на ЈП ВиК. 

Низ градот е поставен колекторски систем во должина од еден километар. Не станува збор за никаков застој.

– Градоначалникот не е вмешан во проектот. Причина за молкот е документот за доверливост кој го потпишаа сите договорни страни. Затоа не може да се каже до каде е стигнат процесот. Нема никакви пречки за пречистителна станица. Веќе е почнат проектот во вредност од 30 милиони евра. Почетниот дел од проектот за промена на канализационата мрежа е изведба на 23 км. канализациона мрежа, а работите ги врши германската фирма Лудвиг Фајфер. Со тоа нема сомнеж дека проектот е започнат и ќе продолжи – објаснува Николоски.

Со замената на канализационата мрежа и изградбата на пречистителната станица, ќе се подбори еко – средината во прилепскиот регион, со колекторскиот систем кој ќе ги опфати отпадните води. 

Loading