БРАНА ОД ПОЖАРИ СО КВИЗ

Прилеп – домаќин на  регионалниот  ПП квиз

После општински ПП квиз на учениците од сите основни и средни општински училишта, со кој се проверуваше знаењето од областа на заштитата од пожари, противпожарниот сојуз во градската библиотека го одржа 29. издание на регионалниот натпревар во јуниорска и сениорска конкуренција. Учествува најуспешните од општинските квизови од Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес, Богданци, Гевгелија, Валандово, Битола и Кушево.

Градот – домаќин го преставува учениците од ОУ „Климент Охридски”, и од Гимназијата „Мирче Ацев”. Гимназијалските “пожарникари” го зазедоа второто место.

Натпревар го посети и градоначалникот Марјан Ристески, кој  повлече паралела меѓу садењето на садниците и поткованоста со знаење и едукација на учениците од најмали нозе како да се одржуваат и негуваат шумите и природните богатства, кои често се на удар на намерните и ненамерните пожари.

Loading