СДСМ ЌЕ ПРАВИ ИНКУБАТОРИ

Три нови економски мерки од програмата за враќање на средната класа промовира претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината  во Прилеп. Тоа се изградба на автопатишта, национална гасификација и бизнис инкубатори во земјата.

– Трите нови патни делници во форма на автопати се: Велес – Прилеп -Битола, автопат Штип – Кочани, а три ленти до Делчево и до граничниот премин Делчево и третиот автопат Удово – Вељуса – Струмица и граничен премин Ново Село. Втората мерка е гасификација на Македонија преку градба на главна национална гасоводна мрежа до големите урбани центри и поставување на систем за компресирање на природен гас за помалите градови. Третата мерка е финансирање од буџетот на 320 бизнис идеи годишно со по 10.000 евра неповратни средства по идеја. Ќе отвориме преку 16 бизнис инкубатори низ целата земја да се вработат повеќе од 5000 луѓе, пред се млади – изјави Заев.

Тој се сретна и со членовите на боречката организација, а се прошета и низ градскиот пазар.  

Loading