КИРО ЈОСИФОСКИ ЌЕ ЈА ВОДИ ПОЛИЦИЈАТА

Киро Јосифоски е новиот командир на полициската станица во градов кој доби виза од Советот на Општинава, во чија надлежност е изборот на првиот полицаец. Тој доаѓа од местото помошник команадир со 21 годишно искуство во МВР. Неговата заложба понатаму ќе биде зголемување на општата безбедност, безбедноста во сообраќајот и одржувањето на јавниот ред и мир. 

Советниците одржааа две седници. На едната имаше околу 40 барања од граѓаните за легализација, како и кварталните финансиски извештаи на општината и на јавните претпријатија.

Следната седница беше посветена за советнички прашања.

– Ги почитувам сите советници еднакво и проблемите и прашањата до јавните претпријатија и градоначалникот беа соодветно одговорени – вели м – р Никола Димески, претседател на Советот на општинава. 

На иницијатива на граѓаните формирани се уште две урбани заедници. Едната е Ѓогдере, а другата Цар Самоил со што ќе се подобри соработката на урбаните заедници и општината.

Loading