СПОМЕНИК НА ЕДНО ВРЕМЕ

Пред и за време на распадот на СФРЈ, “Господ шеташе по земја” за сите вработени во југословенскиот гигант за воена опрема Енергоинвест – 11-ти Октомври. Пред крвавиот распад со токмеше и производство на тенк во Прилеп. За ЈНА не се штедеа пари, а вработените беа презадоволни. Дури и докторите се жалеа дека  платите им биле помали од чистачките. Платите стигнуваа пред крајот на месецот, а работниците земаа регрес за годишен одмор, таканаречен К-15.И низ ембаргото на соседна СРЈ, се провираа фрлачите “Зољи”, шлемови, панцирите и сé што се работеше во наменските погони.

Гигантот се расплива во сите сектори дури со 12 фирми – ќерки. Се создаде Еуротек, Еурокомпозит, Стерна, Еуротрејд. РТА…, дури и Еурофуд за производство на бели печива.

Но, сé што е добро, а е без корен, не трае долго. Со транзицијата, Еуроинвест не се снајде во турбулентните времиња и почна да се урива дел по дел. Денес од индустрискиот титан куртули само Еурокомпозит. Државата се мачи да ги куртули вработените. Реномираната компанија одамна е на списокот на тешките државни загубари. Во сенката на некогашниот Еурокомпозит остануваат сеќавањата н некои места од фирмите и рекламите како оваа за Еурофуд за да сведочат на едно време, кога се посакуваше да се носи префиксот “Еуро”.  

Loading