КРШТЕЛНО НА СТАРИТЕ УЛИЦИ

И ОФИЦИЈАЛНО УЛИЦИТЕ СО НОВИ ИМИЊА

– ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ГИ МЕНУВААТ ПОСТАПНО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ И ПАТНИ ИСПРАВИ СО ИСТЕКОТ НА ВАЖНОСТА НА ДОКУМЕНТОТ 

По двегодишна макотрпна и долга постапка, Секторот за урбанизам ја оконча процедурата за преименување на улиците во градов. Така и официјално старите имиња на улиците не се повеќе во функција, не само за личните документи, туку и институциите службено ќе ги користат новите називи.

Официјализирани се нови имиња дури на 74 улици. Практично со новиот адресар, кој поминал низ “сито и решето” во повеќе службени правни инстанци, како во Влада на РМ и во Централниот регистар, опфатена е промената на имињата на улиците во последните 20 години, поточно одлуките за измени кои ги носел Советот на општината од 1992 г.  досега.

Од вкупно 321 улица, за десеттина во тек е постапка за промена или пак ново именување на улиците. Наскоро две улици ќе ги добијат имињата на поранешниот поглавар на МПЦ со прилепско потекло, Архиепископот Ангелариј и на Митрополитот Методиј.

В година, Локалната самоуправа по обезбедувањето на потребните средства ќе распише и тендер за поставување на табли на улиците со што  комуникацијата и ориентацијатата во градов ќе се олесни и унифицира со единствено име на сообраќајниците, а не како до сега – со старо и ново име. 

Инаку, до Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници најчесто идеите за поставување на нови имиња на улиците доаѓаат од граѓаните, здруженијата, со што не само што им се оддава почиит на значајните настани и личности, се поставуваат имиња од поблиското и подалечното минато поврзано со Прилеп.

Новите имиња треба да ги користат сите институции и правни субјекти во секојдневното работење. Граѓаните своите лични документи и патни исправи треба да ги менуваат постапно, со истекот на важноста на документот. 

Така, Булеварот „Маршал Тито” е преименуван во Булевар „Гоце Делчев”, улицата „Моша Пијаде” во „Александар Македонски”,  улицата  „Гемиџиска” би била „Нада Ламеска” и итн.

Следи табела со старите и новите имиња на улиците.

1

2

3

4

5

6

7

8

Loading