МЕЧ ВО 8 НАУТРО!

Општинска и Трета

Порано не било. Во неделата на Могила меч од А лигата на ОФС е одигран во 8 часот наутро, Прилеп сити – Тризла 2-2.

– Немаше друг термин, во 14 играа третолигашите Варош – Илинден 1-0, претходно четири часа пионерите на Победа. Станавме ноќта како за на тутун навреме да обележиме, поставиме мрежи, подготвиме записник. Задоволни сме што израмнивме со двата гола на Гркоски, бидејќи губевме со 0-2, ослабени без три – четворица успани првотимци – вели Коста Мирчески, тренер на Прилеп сити.

Во Третата лига Варош со 19, Г. Коњари со 21 се веднаш зад лидерот Вардар со 23 бода.

Loading