Кошарка
В недела (17 ч.) е 4. коло од Третата кошаркарска лига, а Марфил спорт е домаќин на пробиштипски Пробаскет. Претстои шанса за прва победа. Младите кошаркари на Сашо Костоски досега наидуваа на подобри ривали и доживеаа три порази. Бодовите ги освоија дома 72-87 Карпош соколи, на гости 79-55 Михајловски во Куманово и 93-65 Борец во Велес. Пробаскет има една победа.
Табела: Борец 6, Михајловски 5, шести Марфил со 2 бода.