ШТИЦИ И ЦВЕЌЕ ЗА ПЕРЕ ТОШЕВ

Уште во сеќавање ни е неодамнешниот празник на револуционерната борба. Тогаш на сите споменици од дејците на ВМРО се положија цвеќиња, како доказ дека нивните дела не се заборавени и служат за поттик на сегашните и идните генерации. Венците цвеќиња уште неовенати стојат како што биле наместени, ама монументот на Пере Тошев е малку “збогатен”. Некој прематар се сетил да го искористи задниот дел како изложбен рафт за штици за пеглање и сушалки за алишта.

Сигурно Пере Тошев се залагал за либерален пазар во борбата за независност, но оваа слобода што си ја дозволил продавачот ја преминува секоја граница на пристојност и респект.  

Loading