НЕМА “ЗИМА” ЗА ТУТУНОТ

Со изложување тутун од повеќе производствени региони во земјава, на плоштадот Александрија првпат се одбележа Светскиот ден на тутун. Организаторите негуваат амбиција манифестацијата да прерасне во  традиција.

Според Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунарите, ориенталните тутуни имаат перспектива и опстанокот е гарантиран.

– Има иднина на тутунопроизводството во земјава. Се бараат ориенталните тутуни на светскиот пазар. Државата да продолжи со субвенционирање и со поддршка на оваа индустриска гранка, наспроти настојувањата за намалување на производството. Оти нашиот тутун е без адитиви. Тоа е шанса за развој – вели Милески.

Гоце Петкоски од Прилеп беше избран за најдобар тутунар со постигната откупна цена од 210 денари за килограм.

Од тутунот егзистираат до 250.000 жители во земјава.

Loading