“БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ” ЗА СТАРТ НА КИНОТО “МИС СТОН”

Новото кино именувано “Мис Стон” при Ц.К. “Марко Цепенков” со стотина удобни седишта ќе се сефтоса со македонскиот игран филм “Балканот не е мртов” в понеделник во 20 часот. Откако комплетно се реновира просторот во кој се постави новиот дигитален кино проектор кој го обезбеди Министерството за култура, со заеднички инвестициски вложувања на националната установа и на Локалната самоуправа, вљубениците во подвижните слики, ќе имат можност да уживаат во магијата на големото платно. Публиката ќе може да го гледа филмот секој ден од 20 часот за 100 денари.

Дел од кадрите на “Балканот не мртов” се снимани низ прилепско. Поддржан е од Министерството за култура и Филмскиот фонд на Македонија. Станува збор за драма со љубовна тематика при распадот на општеството.

Филмот е работен по сценарио на Дејан Дуковски, Поповски и Ана Ласиќ, а улогите ги толкуваат Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Јордан Симонов, Никола Ацески, Раде Шербеџија….

Loading