ТРАБАНТ ПЛАЧИ ЗА ОЛДТАЈМЕР

За празникот 11-ти Октомври имаше авто-шоу, на кој се покажуваа ганц нови автомобили, надградени со звучници, спојлери, раткапни, алуминиумски бандажи и друго. Имаше и олдтајмери. Ни тие не беа чекор зад “младинците”. Л’снати до беспрекорност, човек можеше да си го види одразот на каросеријата.

Но, затскриено и запуштено возило трабант со цирада наместо покрив чмае во еден двор. Кренал раце газдата. Не се грижи за “движната” сопственост. Бојата е излупена, врати нема, гумите се истишени, а внатрешноста е очајна. Ако вложел малку труд и пари, можеби ќе го дотерал за парадата и ќе освоел некоја награда.

Loading