ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО КРИВОГАШТАНИ

Градежна офанизива тераат локалните власти на Кривогаштани. Пред финиш е градбата на фекалната канализациска мрежа. Градоначалникот Тони Заткоски го запозна и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за текот на асфалтирањето на улиците низ општината.

Јанакиески изјави дека за канализациската мрежа се одделени четири милиони денари, што е проект од Европската инвестициона банка.   

– За градбата на патот од Пашино Рувци до манастирот во селото дадени се шест милиони денари. Продолжуваме со подобрувањето на патната мрежа. Ќе се гради патот до селото Воѓани, паралелно со изработката на деталните урбанистички планови. Ќе се продаваат парцели за индустриски зони да се развие и економијата и да се отворат нови вработувања – рече Јанакиески.

Градоначалникот Тони Заткоски најави дека во селото Славеј ќе се гради индустриска зона на 30 хектари.

– Готов е проектот за сточниот пазар во вредност од 400 илјади евра. Проектите се од големо значење за подем на општината и за подобрување на условите за живот – вели Заткоски.

Општината преговара со инвеститори за отворање на откупни пунктови  на земјоделски производи.

Loading