ПРИЛЕП ВО РИЕКА И ОПАТИЈА

Прилеп  со свој штанд и пропаганден материјал се претстави на саемот на општините на Југоисточна Европа “Некспо 2013” во Опатија и во Риека, Хрватска. Манифестацијата ја промовира улогата на локалните власти во процесот на децентрализацијата, поврзувањето и соработката во мрежата на општините, како и во изградбата на регионалните бизнис – врски и обезбедувањето на одржлив развој.

Централните теми беа ЕУ-интеграциите и придонесот на локалните власти, а во сферата на бизнисот, создавањето на можности за инвестиции преку промоција на проекти од енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија.

Учествуваа голем број градоначалници од ЈИЕ, високи претставници на ЕУ, функционери од регионот, локални власти и здруженија, повеќе развојни агенции, граѓански асоцијации и бизнисмени од Европа.

Организатор беше НАЛАС, мрежата која обединува 16 асоцијации на 8000 локални власти од овој дел на Европа, избрани од повеќе од 80 милиони жители.

Loading