“СВЕТА ПЕТКА” ГО ДОБИВА ЛИКОТ

Се засилува темпото на градежните зафати за доизградба на новиот црковен храм “Св. Петка” во Точила. Доколку временските услови дозволуваат, се очекува објектот да се доведе до фаза на карабина до крајот на годинава. Црквата се гради со донации на верниците, бизнис секторот и со сесрдна помош на локалната самоуправа, која редовно одвојува средства од буџетот. Последниот пат од локалното кесе беа издвоени 1,6 милиони денари за интензивирање на надворешната градба.

Градоначалникот Марјан Ристески вели дека црквата ќе биде светилиште за околу 20 000 верници од овој дел од градот и затоа се инсистира на што поскора градба.

Се очекува завршување на градбата на двата мали храма, “Св. Наум Охридски” кај спортската сала и “Св. Константин и Елена” во Аличаир,  која е осветена, а не е живописана.

Loading