ГРАДИНКА ВО ТОПОЛЧАНИ

Во комплетно адаптиран и реновиран простор во селото Тополчани е отворена градинка за згрижување на дваесетина деца од предучилишна возраст. Диме Спасов, министерот за труд и социјална политика и градоначалникот Марјан Ристески истакнаа дека приоритет е обезбедувањето на современи услови за згрижување и воспитување на децата. Спасов најави дека градинки ќе се отвораат уште во пет села во земјава, а Ристески изјави дека се испитуваат потребите за згрижување на децата во други населени места. 

Започна и реконструкцијата на простор во градинката Бончејца, која досега не се користеше, со што ќе пораснат сместувачките простори за престој на децата. Во најстарата градинка, локалните власти и швајцарската агенција за развој ќе вложат 7,2 милиони денари. Точно 2,4 милиони денари се швајцарска донација, а остатокот е од локалниот буџет. Со инвестицијата ќе се зголеми капацитетот за згрижување на 100 деца.

Вгодина ќе се реконструираат просториите на старата градинка во Тутунскиот комбинат.     

Loading