ФИНИШИРА ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА

До крајот на годинава се очекува да се заврши со легализацијата на дивоградбите, а Прилеп да биде прва општина во земјава што го окончала овој процес од септември 2011 година со 15 илјади барања за озаконување на нелегалните објекти.

Локалната самоуправа очекува да инкасира околу 1,5 милион евра. Со легализацијата ќе порасне основата за оданочување. Тоа ќе влијае за поголеми приливи во општинската каса. Поголемиот буџет ќе влијае на подем на кредитниот рејтинг на градот од 500 на околу 600 милиони евра.

Точно 130 ромски социјално загрозени семејства ги легализираа домовите со поддршка на асоцијацијата Хабитат. Ним им е обезбеден 18 месечен заем за трошоците за легализацијата.

Процесот завршува на 30 јуни 2014 година.

Loading