НОВА БЕНЗИНСКА НА ПАТОТ КОН БИТОЛА

Бензинска пумпа со придружни услужно – угостителски објекти ќе никне на магистралниот пат Прилеп – Битола. Градежното земјиште со кое стопанисува општинава, продадено е на електронска аукција за 100 илјади евра.

– По законот, 80 отсто од средствата влегуваат во локалниот буџет. Парите ќе се наменат за потреби на општинава. Инвеститорот не е од Прилеп – објаснува градоначалникот Марјан Ристески.

Името на компанијата ќе биде обелоденето по законскиот рок за жалба и официјалното потпишување на купопродажниот договор.

Loading