ЗА 11 ОКТОМВРИ
После празникот 11 Октомври, ќе профункционира јавниот градски превоз. Цената на билетот ќе биде симболична, 20 денари. Првин ќе има две линии со пет автобуси, а многу брзо ќе стартуваат и приградските линии.
– Поевтин превоз е дел од ветената програмата на изборите – изјави м-р Никола Димески, претседател на Советот на општина Прилеп.
Се заокружи формирањето на јавното сообраќајно претпријатие. Советниците дадоа виза на статутот, правилникот и програмата за работа и развој на ЈТП.
Градскиот превоз е долго очекуван проект за општината со 80 илјади граѓани. Тоа е и барање на граѓаните, кои ќе имаат поефтин превоз и поголема достапност до разни дестинации во градот и надвор од него.