УШТЕ 400 ДЕЦА В ГРАДИНКИ

Со проширувањето на градинката Бончејца, реконструкцијата на градинката во Тутунскиот комбинат и изградбата на нова установа за  престој на најмалите, ќе се згрижат уште 400 деца од предучилишна возраст.

Заврши тендерот за проширување на градинката Бончејца за сместување на уште 100 деца. Реконструкцијата е плод на форумот на заедниците, поддржан од швајцарската амбасада, од која досега Прилеп доби средства за обнова на Могилата и спортската патека Крал Марко на Варош. 

Loading