ПОЛЈАЦИ НА ГОСТИ КАЈ ЛЕЧЕНИТЕ АЛКОХОЛИЧАРИ

Клубот на лекувани алкохоличари “прим. д-р Методија Николоски – Мец”, беше домаќин на неколку колеги од Полска. Медицинските стручнаци од Полска ги пренесле методите за лечење, а разликата е во поддршката на активностите со државни пари и платен медицински персонал. Кај нив има терапија од 70 дена во болница, ако алкохоличарот побара помош. Полскиот тим, составен од стручни лица бил позитивно изненаден од системот и методите на нашиот клуб, посебно од волјата на членовите да си помагаат меѓусебно.
Прилепскиот клуб функционира 35 години. Низ годините се лекувале над 3700 луѓе, а сега има 80 активни членови.

Loading