ФИЛИП МОРИС Е СПАС ЗА ТУТУНСКИ

Средба: Градоначалникот Ристески и генералниот директор Дерменџиев
Состојбите се подобруваат со најавеното стратегиско партнерство на Тутунскиот комбинат со светскиот производител на цигари, Филип Морис. Генералниот директор Александар Дерменџиев го информираше градоначалникот Марјан Ристески за состојбите во Комбинатот со преку 1000 вработени.
– Со стратегиското партнерство со Филип Морис се движиме кон крајно решавање на состојбите. Договорот ќе помогне до 2015 година Комбинатот да дојдеме до позитивна нула – рече Дерменџиев.
Засега се тајна аспектите на договорот, но се најавува ефектуирање на почетокот на 2014 година. Технолози, инженери и правници на Филип Морис го скенираат Комбинатот. Не е исклучено, по Нова година, од прилепската фабрика да излегуваат цигарите Марлборо на Филип Морис.
– Во оваа фаза се работи финансиски, технолошки и правен план да се утврди што е нужно понатаму и да се изготви мастер договор – рече Дерменџиев.
Ристески смета дека стратешкото партнерство е значајно за заживувањето на прилепското стопанство.

Loading