ДЕЦАТА ГО КРСТИЈА СРНЧЕТО

Учениците од посебните паралелки на ОУ “Климент Охридски”, беа на мини турнеа со градското вовче до Могилата. Таму ги чекаше пријатно изненадување од животните во мини ЗОО градината, или т.н. Рајска Градина. Ги погалија пони коњчињата, малото срнче Бамби го “прекрстија” во Тино, а се воодушевуваа и на дуото за нас чудни лами, на двојката елени…
Го исполнија денот со ведрина и со насмеани лица ги оставиле животните кои досега ги немале видено во живо. Вовчето ги врати назад до училиште, каде сигурно расправале за несекојдневното искуство.

Loading