ГОРНАТА КУЌА СО УЗУРПАТОРИ

Блескава титула била на времето, куќата да биде на највисокото место во селото или градот. Таму гурбетџиите имале место и не штеделе да ги потрошат со пот заработените долари или франци и да се престигнуваат кој ќе има поголема и поубава куќа.
Една куќа на периферијата од Варош, во близина на манастирот Св. Архангел Михаил, зјае празна, односно узурпирана од некој бездомник. Станува збор за новоградениот објект во камена архитектура во старомакедонски стил со стари ќерамиди и затскриени бетонски плочи со дрвена граѓа со решенија за секој детал. Според податоците од Заводот и музеј, ја кренал пред триесетина години Институтот за старословенска култура. Била замислена да претставува центар за престој за гостите, уметниците и учесниците на традиционалните културни манифестации, сликарската колонија, интернационалниот скулпторски симпозиум во мермер, интернационалното студио за пластика во дрво и интернационалното ателје за скулптура во метал и најновата, студиото за пластика во пластика. Идејата беше авангардна, но објектот, пред завршување, не се финишира, туку се остави да го јаде времето и да се претвори во засолниште на бездомници, пијаници, место за чување на добиток и сено.
Иако градбите на ваквите куќи се скапи, некој ја оставил да се претвори во руина, а соседите да кренат и да однесат дома сé што може да се искористи.

Loading