КОМБИНАТОТ ЌЕ ОПСТОЈУВА И ЌЕ НАПРЕДУВА

Премиерот Груевски за влезот на Филип Морис во Тутунски

Премиерот Никола Груевски при посетата на градов за празникот Успение на Пресвета Богородица, потврди во Прилеп дека стратешки партнер на Тутунскиот комбинат е Филип Морис, кој планира да произведува цигари Малборо во Прилеп. Се прави заедничка компанија со што значително ќе му се помогне на Комбинатот, кој 20 години е во незавидна состојба.

– Влегува најпознатиот светски бренд, со свој начин на работење кој ќе вклучи негов менаџмент и ќе се сменат коренито начините на продажба и производство. Најдовме сериозна компанија која ќе овозможи Комбинатот не само да опстојува, туку и да напредува. Драго ми е што сум премиер токму кога се реши овој проблем. Се очекува да се потпише договор до или по Нова година, со што треба да почне реалната преработка. Свесен сум колку тутунот значи за Прилеп и колку фамилии егзистираат од него. Ова требаше да се случи некаде 1993-94 година, кога големите брендови влегуваа во источните држави. Каде ли ќе беше Прилеп, ако се случеше тоа тогаш, место тогашните директори да си ги приграбат акциите сами меѓусебе – рече премиерот Груевски.

Тој најави и други инвестиции како што е ТИРЗ која ќе привлече некоја друга крупна компанија, без разлика дали е браунфилд или гринфилд инвестиција и ќе се вработат луѓе. 

Владата понатаму гарантира за субвенциите за тутунопроизводителите. Се надеваат дека откупот на тутунот годинава ќе биде со добра динамика и дека нема да има сериозни проблеми.

– Пред оваа влада, можеше само да се замислат субвенции од едно евро за еден килограм тутун. Луѓето мислеа дека тое е недостижно, но тоа се постигна за еден ден. И следната сезона луѓето можат да сметаат на навремена исплата на субвенциите. Според министерството за земјоделие, се очекува добрата просечна цена од 180 денари, како лани. Тоа е проценка на стручнаците кои го испитаа пазарот и побарувачката – рече Груевски. 

Наспроти критиките на опозицијата, Владата има огромен процент на исполнетост на ветувањата од програмата, слична на европските кои што ветеното го исполниле над 80-90 отсто во време на тешка глобална економска криза. 

Loading