ЛЕНТА ЗА ПРАЗНИК

АСФАЛТИРАН ПАТОТ ДО МАНАСТИРОТ ТРЕСКАВЕЦ          

На верскиот празник Св. Богородица, свечено ќе биде пуштен во употреба асфалтираниот пат до манстирот Трескавец. Верниците за патронот на црквата “Успение на Пресвета Богородица”, првпат до манастирот ќе стигнат по асфалт. За ланскиот празник беше поставен камен темелникот.

Наместо за предвидените 16 месеци, изведувачот на градежните работи, фирмата “Гранит” го реализираше проектот за пет месеци. Целосно е асфалтиран патот во должина од преку 7,5 километри. Инвестицијата е околу два милиони евра кои средства се од буџетот преку Министерството за транспорт и врски.

Ќе се гради и паркинг за 250 возила пред манастирот.

Откако на 4 февруари изгореа конаците, во тек е поставувањето на инсталациите за обнова на конаците. Ќе се обнови и црквата.

Loading