ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ СЕ ГРИЖИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАТАЛИТЕТОТ
Семејството на Горан и Драгица Попов од селото Славеј, по двете девојчиња го имаат трето дете, синот Петар. Не само што донесе радост, семејството на новороденчето доби и парична помош од општинатата Кривогаштани во согласност со одлуката на советот за поттикнување на наталитетот.
– Новороденчето доби 5 илјади денари и 10 илјади денари за трето дете. Таткото Горан го вработивме во ЈКП “Пелагонија” и семејството повеќе нема да биде социјален случај. Преземаме и други мерки за стимулирање на наталитетот – вели градоначалникот Тони Заткоски.
На семејството Попов ќе му следува и родителски додаток од 8000 денари кој мајката ќе го добива во наредните десет години.
Инаку, во прилепскиот регион од 2009 година, кога е донесен законот, преку Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, родителски додаток за трето дете добиваат 500 семејства, а околу 60 за четврто дете.