КРУНА ЗА ВЕЧНА ЉУБОВ

Erhan i Adela zaplivaa vo zaednicki bracni vodi

Секоја љубовна приказна е романтична, уште повеќе кога ќе се круниса со брак. Сите младоженци се убави, секоја невеста е како од модните списанија. Меѓу бројните свадбени церемонии кои ги правеа нашинците во градов, ја бележиме спектакуларната свадба на Адела и Ерхан на која гостите ги забавуваше и естрадната фолк ѕвезда Сузана Гавазова. 

Шармантната 18 годишна Адела и 26 годишниот Ерхан, ја крунисаа љубовта со брак на гламурозна свадба до мугрите во салата Романса. Над 400 сватови ја прославија свадбената радост на семејствата на Адела, која матурира во економското училиште, и на Ерхан, инструкторот за продажба со прилепско потекло, кој живее и работи во Виена. На свадбениот спектакл со неколку рала ромска музика, трубачи и други групи, своевиден печат му дале и фолкерката Сузана Гавазова. Расположението до малите саати не стивнувало, бидејќи веселите сватови од двете страни со солзи радосници играа “Чае шукарие”, чочеци…, се пренесуваа ромски обичаи низ песни, а свекорот и свекрвата не ги штеделе ќесињата и ги наполниле со пари инструментите на музичарите, во знак на задоволство за семејната радост. На амбиентот на пламена веселба, создадена од бендовите и гостите, се приклучија и сопствениците на салата со своевидниот огномет и другите свадбени атракции.

Ерхан ја открил Адела преку слика во Виена. Фотографијата ја добил од зетот на Адела. Го маѓепсала убавината на младата прилепчанка. Се “запалил” и тргнал во потрага во Прилеп. Неколкупати доаѓал да ја запознае, но освојувањето на љубовта не било едноставно и лесно. По неколкукратно кандисување, успеал да ја бакне, а Адела да му возврати со емоции. Останало уште Адела да го заврши школувањето и љубовната врска да доживее кулминација. Запливувањето во брачните води се направи со размена на прстените, со изговорување на судбоносното “да” пред матичарот, ветувајќи си еден на друг дека нема да се разделат и ќе векуваат со страст и љубов до гроба. Сигурно дека ќе имаат и плодови на нивната бескрајна љубов, која ќе ја уживаат во Виена. Пред тоа, ќе имаат неколку медени денови во Грција за шлаг на радоста.  

Loading