ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ЗА ПОКРИВ

НВО “Хабитат” им врачи договори на 15-тина Роми од Тризла кои се дел од проектот “Легализација на домување за Ромите”. Тие се дел од 280 ромски семејства опфатени со проектот што нуди 18-месечни заеми за трошоците за легализација на домови.

Според локалните власти, обезбедена е административна, финансиска и техничка помош за легализација на домови на ромски фамилии. Се очекува зголемување на бројот на Роми, кои ќе станат сопственици на домовите и ќе обезбедат посигурна иднина.

Имплементацијата е од 2012 до 2015 година во шест општини во земјава, меѓу кои и Прилеп. 

Loading