ИНА И БРЕГОВИЌ ЗА МЕЗЕ

ЕДИНАЕСЕТТИ ПИВОФЕСТ ОД 18 ДО 21 ЈУЛИ

Многу забава со пивски малигани и скара им се “закануваат”  на прилепчани и илјадниците гости на единаесеттото издание на Пивофестот од  18. до 21. јули. И по една деценија, претстојниот празник на пивото ќе ги урива сите рекорди, зашто се очекуваат низ Прилеп продефилираат со кригла пиво и да се освежуваат со горко слатката пена над половина милион гости и домаќини. Градот пак четири дена ќе се претвори во престолнина на пивото. Петнаесетина пиварници и уште повеќе скараџии ќе точат камен ладно пиво и ќе печат кебапи и други специјалитети на жар за мезе за да се доживее рајот на пивото.

Мезе на посетителите ќе бидат и ѕвездите на светската и балканската естрада, како што е Романката Ина и Горан Бреговиќ со неговиот оркестар за свадби и погреби. Тие, меѓу другите забавувачи, ќе ја палат атмосферата, ќе ја креваат температурата и ќе го предизвикуваат адреналинот за слава на пивото.

Локалната самоуправа и организаторите ветувааат максимална безбедност. Градот ќе биде делумно блокиран да се обезбеди нормално паркирање на десетици илјади автомобили. За посетителите кои нема да најдат место за спиење, пак ќе се организира камп на Могилата. Се очекува железницата и превозничките претпријатија десетпати да ги засилат линиите со превозни средства што водат кон Прилеп.

Инаку, пивото е пијалок за сласт на душата. Кога се пие, не се мисли на историјата или како влијае на организмот, освен што поднапива. Зад него стои научната гранка, наречена Зитологија.

Првото пиво датира од пред пет милениуми во Вавилон. Секој пиел по неколку бокали пиво според социјалниот статус. Го подготвувале исклучиво жени од највисок општествен статус и со најдобар изглед. Пивото ја развило агро – револуцијата во древен Египет. Заради него се измислени тркалото, ралото за орање и иригационите системи за наводнување на полињата со јачмен. Поради сушите во средниот век, пивото се пиело место оброк, бидејќи ги содржи сите потребни минерали. Се пиело повеќе од водата, зашто нечистата вода предизвикувала болести. Кога Англичаните ја колонизирале Америка, бродовите останале без пиво. Се населиле на првото место погодно за одгледување на култури за пиво. Англичаните не можеле долго без пиво. За побрзо долевање во криглата, бармените додавале свирче на рачката. Мераклиите за пиво, Германците, изградиле пивовод од неколку километри, со кој ги поврзале сите барови во едно германско гратче.

ЗДРАВЈЕ ВО КРИГЛА

Пивото е здраво и влијае позитивно, ако се пие умерено. Го зголемува добриот холестерол со што го штити срцето. Докажано е дека ја зголемува умствената способност, го смалува ризикот од појава на камен во бубрегот и ги зајакнува коските. То е диетален пијалак заради малкуте калории. а преку витаминот Б го намалува менталниот стрес,.

БЕСИЛКА ЗА ЛОШО ПИВО

За проверка на квалитетот пиварите биле седнувани на столче полеано со пиво. Ако после половина час столчето се залепело за нив, тоа било знак за неквалитет. Казната била од камшикување до бесење. Викинзите го пиеле пред борба, а рајот го замислувале со коза која место млеко дава пиво.                                                   

Loading