ПРИТВОР ЗА ФАЛС ДОКУМЕНТИ ЗА ВИЗИ

Истражниот судија ги стави зад решетки, во притвор, прилепчаните Д.М. (31) и Ј.Ј.(28), оти полицијата ги товари двајцата за фалсификување на документи за аплицирање за виза во американската амбасада во Скопје. Според портпаролот на СВР Битола, Магдалена Димитровска, двајцата изработиле повеќе лажни потврди од банки, потврди за постојан работен однос, обрасци М1 и М4, кои им ги продавале на две – три семејства за да аплицираат за виза за САД.

Неофицијално дознаваме дека лажните документи ги продавала по две илјади евра кака аванс, а ако апликантите добиеле виза, плаќале и до пет илјади евра.

Еден од осомничените стои во полициската евиденција, а вториот првпат му се припишува некое кривично дело. 

Loading