ЕПИЛОГ НА ПРОЦЕНКАТА НА ШТЕТИТЕ НА ТУТУНОТ

Над 2500 барања за проценка на штети од невремето од пред две недели во селата Беровци, Галичани, Лагово, Канатларци, Кадино Село, се поднесени до Комисијата за елементарни непогоди. Најмногу се за штети на тутунот, потоа на житариците, па на лозјата, овоштарниците, и мал дел за станбени објекти. Се очекува Комисијата деновиве да ги заврши извештаите, кои ќе ги разгледа Советот идната недела. Советниците ќе изготват елаборат, кој ќе биде доставен до Владата.

Најголеми штети, дури 90 насто се утврдени кај житата, додека кај тутунот некаде се сто насто, некаде 50 проценти.

Loading