НОВА ПРОГРАМА НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ

Иновациски и проектен менаџмент е новата студиска програма, единствена во Македонија, која од оваа учебна година ја воведува Економскиот факултет. Проекција е да се запишат 40 редовни и 20 вонредни студенти.

Програмата ќе придонесе за развој на иновативно размислување и алатки за успешно менаџирање со проектни активности.

– Станува збор за образование на квалитетни и квантитативни аспетки на функционална поврзаност и интеракција меѓу иновативноста и менаџирањето на проектите. Студентите ќе стекнуваат практични знаења и вештини за менаџирање на проекти поврзани со иновациите, што секако ќе придонесе за ефикасно и успешно функционирање на компаниите – вели деканот Ѓорѓи Манчески.

Loading