ПОСТЕПЕНО СЕ СОСТАВУВА ФАБРИКА ЗА ПРЕРАБОТКА НА ОТПАД

За два месеци се очекува да профункционира линијата за секундарна селекција на отпад во новата фабрика за преработка на сметот, што ја гради ЈП Комуналец кај депонијата Алинци. Од хрватската фирма Техникс веќе пристигна првиот дел од линијата, вредна околу 15 милиони денари. Вториот дел ќе биде во Прилеп по еден месец. Комуналец ја очекува и дозволата за градба на халата каде треба да се постави линијата, која ќе биде готова до јуни 2014 година. Со  новата линија за селекција на отпад фирмата ќе ангажира 40-ина лица и пораст на приходите.

Фабриката ќе биде првиот македонски капацитет за преработка на околу 150 тони комунален отпад, што ќе селектира од 20 различни материјали. Понатаму е предвидена градба на погон за производство на арско ѓубриво, кое ќе се добива преку преработка на органскиот дел од комуналниот отпад. 

Loading