ВИП ДРУЖБА НА КЛИЕНТИТЕ НА СТБ БАНКА – АД СКОПЈЕ

Ексклузивните клиенти на Стопанка банка АД – Скопје и останатите корпоративни партнери, имаа пријатно коктел – дружење со членовите на Управниот одбор на чело со неодамна назначениот нов генерален извршен директор Диомидис Николетопулос, во ресторанот Ескалибур. Повод за ВИП дружбата беше запознавање и претставување и на останатите членови на Банката, која ја потврди својата водечка позиција во банкарскиот сектор во државава.

На средбата беа изнесени и податоци за јакнењето и растот на Банката, која е доста профитабилна и највисококапитализирана банка, со зголемена депозитна база и кредитно портфолио и со високо ниво на квалитет на кредитите.

Покрај деловните соработници, на заедничкото дружење со новиот менаџмент на банката присуствуваа и прилепските пратеници, како и градоначалникот Марјан Ристески. 

Loading