ЖИРАНТИ СТАНАЛЕ КРЕДИТОБАРАТЕЛИ НА 850.000 ДЕНАРИ

Три лица се измамени кои станале кредитобаратели, наместо жиранти. Полицијата го гони Р.П.(57) од Прилеп за измама и фалсификување исправа.

Пријавениот во текот на 2007 година во три наврати за лицата В.С., Е.З. и С.Г., сите од Прилеп, изготвувал апликации за потрошувачки кредит во Стопанска Банка АД Скопје –  Филијала Крушево, пополнувајќи ги со неточни податоци и доведувајќи ги лицата во заблуда дека ќе му бидат жиранти, а всушност тие се кредитобаратели, при што подигнал вкупно 850.000 денари.

Откако не ги исплатувал ратите на кредитите, банката презела мерки за наплата и средствата ги наплатува од измамените лица. 

Loading