ПЕНЗИОНЕР ЌАРИЛ 600 ЕВРА ЗА ДОКУП НА РАБОТЕН СТАЖ

Пензионер заќарил 600 евра за докуп на работен стаж. За измамата дека ќе успее на сопругата од свој сограѓанин да í ги среди документите легално за откупување на работниот стаж, заработи и кривична пријава, а пак несудената пензионерка уште има “дупка” во работниот стаж.

Прилепската полиција го товари 83-годишниот Ж.М. од Прилеп за измама на 600 евра.  Според МВР, тој измамил сограѓанин, ветувајќи му дека може да го откупи работниот стаж што í недостасувал на неговата сопруга. Кон крајот на 2009 година измамникот му ветил на П.К. дека може легално да му издејствува откупување на работниот стаж за неговата сопруга, но треба да плати 35 илјади денари.

Во февруари 2012 година П.К. во пензискиот фонд поднел барање за пензија за сопругата, но добил негативен одговор, оти í недостасувале години за исполнување на работниот стаж.

Измамениот го пријавил случајот во полицијата.

Loading