БИЗНИС СУГЕСТИИ ЗА РАЗВОЈ НА ГРАДОТ

Членовите,  претставници на прилепското стопанство, во Економско социјалниот совет заедно со градоначалникот Марјан Ристески детално расправаа неколку часа  за тековната објава за продажба на градежното неизградено земјиште. Бизнис секторот ја поддржа кампањата на локалната самоуправа за подготовка на стручни околности за изградба на индустриски зони. Стопанствениците изразија задоволство од реализацијата на инфраструктурните проекти и дадоа идеи за нови зафати. Бизнисмените ја акцентираат потребата за поддршка на малите и средни претпријатија и ги поздравија заложбите за изградба на фабрика за селекција на отпад. Тие понудија предлози за измени на ДУП во централното градско подрачје.

Локалните власти изразија готовност да ги реализираат сите конструктивни сугестии и мислења, кои би дале придонес за подобар развиток на градот на сите полиња.

Loading