РОДЕНДЕНОТ СЕ ПРОСЛАВИ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ОДБЕЛЕЖА 11 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО

Со прошетка низ градот со туристичкиот воз, средба со градоначалникот Марјан Ристески во општината, со торта, Дневниот центар за деца со посебни потреби ,,Ѕуница,, одбележа 11 години од постоењето.

Во центарот досега биле згрижени 40 деца, а моментно се рехабилитираат над 20. Надлежните велат дека располагаат со тим кој се грижи за сите потреби на децата.

Заблагодарувајќи се на поддршката што несебично им ја дарува,  децата му подарија уметничка слика на градоначалникот Ристески.

Loading